Јака Блажич останува верен на Цедевита Олимпија

Цедевита Олимпија постигна договор со Јака Блажич околу продолжување на договорот. Словенечкиот репрезентативец останува верен на клубот од Љубљана и во следните две години. 30-годишникот треба да биде еден од лидерите на тимот кој следната сезона ќе игра во Еврокупот.

Во кариерата настапуваше за Барселона и Басконија, а со репрезентацијата на Словенија стигна до златниот медал на Европското првенство во 2017 година, кога во финалето на континенталниот шампионат тимот предводен од Дончиќ и Драгиќ успеа да ја совлада фаворизираната во тој момент Србија.

Tој во периодот од 2013 до 2015 година играше и за Црвена Звезда со која во 2015 триумфираше во АБА лигата.

Се вчитува...