Ракометарот на Вардар, Јака Малус е во ТОП 5 на најдобрите стрелци во ЕХФ Европската лига по завршувањето на главната фаза од групите.
Ракометарот на двократниот европски првак со 57 постигнати гола се наоѓа на петтото место на листата на најдобри стрелци во натпреварувањето. На врвот е шведскиот ракометар Аксел Мансон од Кристијанстад со импресивни 88 погодоци. По него следуваат Рикардсон (Кадетен) со 74, Гуликсен (Елверум) со 71 и Хансен (Архус) со 59 гола.
Малус оваа сезона блеска во дресот на „црвено-црните“ и се покажува како клучен играч во нападот на скопскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

