Подготвувајќи се за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Тетекс промовираше уште тројца нови фудбалери во своите редови.
Нови имиња кај „штофарите“ се 27-годишниот крилен офанзивец Михајло Јакимоски кој повторно се враќа во Тетекс по епизодата во Воска спорт. Претходно има настапувано и за Металург, Скопје и Македонија ЃП во домашниот шампионат.
Нови засилувања се и браќата близнаци Матео Софијаноски и Марко Софијаноски кои минатата сезона настапуваа за штипска Брегалница.
На „штофарите“ за новата сезона им се приклучија и Астрит Амзаи, Матеј Јаневски и Никола Ристески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА