Јакимовски двоцифрен во поразот на Тренто

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот Тренто претрпеа пораз на домашен терен од Кремона од 85-94 во 16. коло.

Јакимовски натпреварот го заврши со двоцифрен учинок од 11 поени, пет скокови и една асистенција за 22 минути поминати во игра.

За Тренто ова е третиот пораз во последните пет натпревари во италијанското првенство со што останува на 10. позиција на табелата со скор 6/9.

Се вчитува...