Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски продолжува со одличните игри на стартот новата сезона во НЦАА-лигата, во која нашиот кошаркар влезе во нов дрес, како член на Колорадо бафалос.
Тимот на Колорадо рутинки славеше со убедливи 83-53 над тимот на Кал Стејт, триумф што беше најавен со извонредното издание на Јакимовски. Андреј блескаше во првото полувреме во кое постигна 14 поени, а бројките можеа да бидат многу повисоки до крајот доколку тренерот не решеше да го одмори нашиот кошаркар, со оглед на убедливата предност на екипата.
Така, Јакимовки мина на теренот 20 минути, период во кој постигна 17 поени (пет тројки), надополнети со три скока и една асистенција.
three early 3s for @andrejjaki23 🔥
9 pts | 3-4 from deep in 5 minutes of play
📺 ESPN+ pic.twitter.com/poFoVlrDP4
— Colorado Men’s Basketball (@CUBuffsMBB) November 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА