Еден од најдобрите македонски кошаркар Андреј Јакимовски и неговиот Тренто стигнаа до голема победа на гостувањето кај литвански Литкабелси со 93-94 во натпревар од 15. коло од новата сезона во Еврокупот.
Двата тима одиграа еден израмнет меч кој беше решен буквално во последната секунда со погодокот за три поени на соиграчот на Јакимовски, Диџеј Стјуарт за големо славје на италијанскиот тим.
Нашиот кошаркар натпреварот го заврши со седум поени, надополнети со две асистенции и три скока. Најефикасен беше Џоунс со 24 поени, додека кај поразените со ист број поени заврши Морис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

