Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот Тренто испуштија победа во последните минути на гостувањето против евролигашот Олимпија Милано во 10. коло од италијанската Лега А Баскет.
Емпорио Армани триумфираше со 94-90 само поради далеку поконцентрираната игра во последните две минути, иако Тренто во последната четвртина влезе со пет поени предност и истата ја одржуваше до самиот финиш.
Јакимовски одигра 21 минута на паркетот, притоа запишувајќи 10 поени, дополнети и со три скока.
Интересно, иако беше одличен во првите три четвртини, Јакимовски не ја доби довербата во финишот од средбата, кога Тренто и го загуби натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

