Јакимовски и Вашингтон продолжуваат со победите

Вашингтон Стејт продолжува со победите во НЦАА лигата откако синоќа го совлада универзитетот Калифорнија со 71-60. Младиот македонски репрезентативец и покрај победата на Кугарс немаше своја вечер.

Тој помина 31 минута на теренот во кои постигна само два поена и тоа од линијата за слободни фрлања. Покрај двата поена тој забележа и шест скока. Јакимовски и Кугарс вечерва ги чека нов предизвик во НЦАА лигата каде му гостуваат на Стенфорд.

Вашингтон Стејт досега има скор од 9 победи и 1 пораз со кој се наоѓа на врвот во дивизијата Пак-12.

Се вчитува...