Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски иницираше пресврт за победа на Вашингтон на старот од плеј-офот во НЦАА лигата.
Вашингтон славеше против Универзитетот Дрејк со 66-61 (33-29), и обезбеди место во втората фаза на НЦАА турнирот, и дуел со Ајова стејт кој, пак, славеше против Јужна Дакота со 82-65.
Јакимовски имаше нова одлична улога во победата на својот тим, завршувајќи со 9 поени (2/7 од игра, 3/6 од пенал линијата), плус и 6 скока и имаше една блокада, но беше најдобриот во својот тим токму во клучните моменти кога се кршеше резултатот за триумф на Вашингтон, на крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА