Андреј Јакимовски продолжува со своите одлични партии како дел од Вашингтон стејт, откако македноскиот репрезентативец даде значаен придонес за новиот триумф на својот универзитетски тим, овојпат екипата на Вашингтон Хаскис со резултат (93:84).
Јакимовски одигра извонредно во рекетот, стигнувајќи до фантастични 17 скокови во дуелите со противничките кошаркари. Ако на тоа се додадат и 12 постигнати поени, за вкупно 32 минути минати на теренот, јасно е зошто Македонецот беше меѓу најзаслужните за новата победа на Вашингтон стејт. Андреј погоди три тројки, имаше и три реализирани слободни фрлања. Оствари и шест офанзивни скока, плус 11 дефанзивни, дополнети со две асистенции, пет загубени топки и по една освоена топка и блокада.
Со оваа победа, Кугарс конечно „отидоа“ над 50% на успешност во сезоната. Имаат ефект (16-15) во последниот месец од регуларниот дел на НЦАА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА