Андреј Јакимовски продолжува со импресивните изданија во дресот на Тренто откако Македонецот беше меѓу најдобрите поединци во големата победа на гостувањето против Виртус Болоња со минимални 85-87.
Виртус пред неколку дена во Евролигата го шокираше на гостински терен Монако, но избраниците на тренерот Душко Ивановиќ вечерва капитулираа пред Јакимовски и соиграчите, кои со храбра игра го зедоа скалпот на големиот фаворит.
Македонецот го заврши мечот со 12 поени, зад неговото име останаа запишани и шест скокови, но мора да се истакне дека Јакимовски го имаше и клучниот потег на мечот. Имено, при 85-84 и напад за Виртус токму Јакимовски украде топка од Карсен Едвардс на 11 секунди до крајот, по што Бетл постигна тројка и му ја донесе победата на Тренто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

