Јакимовски немаше свој ден во поразот од Бешикташ

Тренто не успеа да приреди изненадување на гостувањето во Истанбул против Бешикташ, меч од Еврокупот што тимот на нашиот Андреј Јакимовски го загуби со резултат 77-76.

Бешикташ долго имаше убредливо водство, но гостите од Италија се вратија, во самиот финиш имаа шанса и да победат, но не погодија клучен шут при „минус еден“ на помалку од половина минута до крајот. При „минус два“ беа досудени две слободни фрлања на 1,5 секунди до крајот, од кои Бајехе беше само еднаш прецизен и Бешикташ на крајот се радуваше на победата со која овој тим обезбеди пласман во полуфиналето од Еврокупот.

Јакимовски немаше свој ден  од шутерски аспект, македонскиот репрезентативец постигна само еден поен со шут од поле 0/7, но зад името на нашиот кошаркар останаа запишани и пет скока, две асистенции и две украдени топки.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...