Јакимовски по мечот за паметење: „Не застануваме тука, продолжуваме!“

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски, одигра одличен натпревар во победата на својот тим Тренто против првопласираниот тим од Б групата, Бруж. На крајот Тренто славеше со 91-73, а Македонецот имаше партија на кариерата.

Јакимовски со индекс 43 поени, го постави рекордот на сезоната во Еврокупот. На крајот мечот го заврши со 30 поени, три асистенции, седум скока и две украдени топки. Со овој индекс, Јакимовски е главен кандидат и за признанието МВП на колото. Овие бројки на Јакимовски се рекордни и за неговиот тим Тренто во историјата во меч од Еврокупот. Претходниот рекорд го држеше Геру Брауј во сезоната 2020/21 кога имаше 40 индекс поени.

Македонскиот кошаркар по мечот истакна дека клучна била реакцијата на тимот по слабата почетна четвртина.

„Навистина сум среќен пред се за тимот и начинот на кој дојдовме до победата. Покажавме карактер и тоа е најважно во моментов. Се вративме по ужасниот старт и остваривме голема победа. Оваа победа е сигурно мотив плус за сите нас, свесни дека нема да застанеме тука. Мора да продолжиме во исто темпо и низ продолжението од сезоната“ – истакна Јакимовски по мечот.

Тренто со триумфот над Бурж е на 5. место во групата, со пет победи и пет порази.

Се вчитува...