Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт изминатата вечер стигнаа до седмата последователна победа во НЦАА лигата откако славеа и против Станфорд со 72-59.
Македонецот имаше нов одличен настап забележувајќи 13 поени при реализација 5/11 од поле, а забележа и шест скока, две асистенции и една украдена топка.
Andrej for three! Kids, watch the arc on this shot. Dropping daggers over the defender.#GoCougs // #CVE // @Pac12Network pic.twitter.com/UyvfDXKSZY
— Washington State Men’s Basketball (@WSUCougarsMBB) February 18, 2024
Интресно, за противник Македонецот го имаше Андреј Стојаковиќ, синот на легендарниот српски кошаркар Пеџа Стојаковиќ кој пак забележа само три постигнати поени по пет обиди од поле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА