Нова одлична партија на македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски во дресот на италијанскиот Тренто.
Јакимовски беше еден од лидерите во победата на својот тим на гостувањето против Улм од 87-100 во 9. коло во ФИБА Еврокупот. Италијанците на тој начин ја запишаа четвртата своја победа во европското натпреварување.
Македонскиот кошаркар мечот го заврши со 13 поени и одлични 9 скокови, останувајќи само на еден скок од „дабл-дабл“, а имаше и плус една асистенција и тоа за 24 минути минати на паркетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

