Јакимовски „снајперски“, Вашингтон обезбеди следна фаза во НЦАА плеј-офот

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повторно беше еден од најзаслужните за победата на Вашингтон Стејт со која неговиот тим обезбеди пласман во конференциското полуфинале од НЦАА плеј-офот.

Вашингтон триумфираше против Стенфорд со 79-62, благодарение и на одличното ниво на игра на Јакимовски кој повторно беше лидер на тимот со 37 минути на паркетот, а завршувајќи со 13 поени, шест скока, две асистенции и една украдена топка. Јакимовски погоди и три тројки во клучните моменти за триумф на својот тим.

Следниот натпревар на Вашингтон Стејт е утре наутро, по македонско време, од 3:30 часот против екипата на Колорадо.

Се вчитува...