Јакимовски со нов дабл-дабл: Тренто го растури најдобриот тим во Еврокупот

Андреј Јакимовски и Тренто продолжуваат со одличните изданија во Еврокупот, откако вечерва го земаа скалпот на Бешикташ славејќи со убедливи 87-74. Турскиот тим предводен од српскиот селектор Алимпијевиќ важи за најдобар тим во Еврокупот сезонава, но Јакимовски и соиграчите одиграа одлични 40 минути, издоминираа на теренот и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Јакимовски беше особено импресивен во втората четвртина во која веќе стигна до 12 поени, со низа поени самиот носејќи го Тренто до значајно водство. Италијанскиот тим замина на одмор со предност од 42-33, потоа дополнително ја зголеми предноста во второто полувреме и славеше со конечните „плус тринаесет“.

Јакимовски даде сериозен придонес во одбраната во второто полувреме, на крајот завршувајќи го дуелот со нов дабл-дабл, 15 поени и 10 скокови зад името на одличниот македонски кошаркар.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...