Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски повторно имаше квалитетна партија во дресот на Тренто во италијанскиот шампионат.
Со 13 поени и пет скока за околу 20 минути игра Јакимовски, сепак, не успеа да му помогне на својот да го избегне поразот од 87-93 од Наполи пред своите навивачи во 7. коло од италијанското првенство.
Кај Тренто најефикасен беше Американецот Стјуард со 23 поени, а Јакимовски беше трет поентер во домашниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

