Јакимовски со рекорд ја заврши НЦАА кариерата: Доаѓа ли во европската кошарка!?

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски доживеа елиминација со Колорадо во четвртфиналето од плеј-офот, со што синоќа го одигра својот последен натпревар во НЦАА лигата.

Колорадо загуби со 77-68 од Кугарс, во мечот во кој Јакимовски беше, и покрај поразот на неговиот тим, најдобриот поединец на теренот со 25 поени, што е негов личен рекорд во НЦАА лигата. Македонскиот кошаркар дополни со осум скока и четири украдени топки.

Сега за Јакимовски останува одлуката дали ќе се пријави наа НБА драфтот или ќе продолжи на европската кошаркарска сцена.

Се вчитува...