Еден од најдобрите македонски маратонци, Игор Јакимовски запиша извонреден успех освојувајќи го 2. место на Интернационалниот полумаратон „Нови Сад 2018“ во Србија.
Во конкуренција на 300 натпреварувачи, во своето седмо учество на овој полумаратон Јакимовски стигна до сребрениот медал во генералниот пласман, со време од еден час и 19 минути…
„Со учеството на полумаратонот во Нови Сад стартував со серијата учества на полумаратони и маратони предвидени во следните два месеци. Во моментов се наоѓам во одлична форма. Бев подготвен да го истрчам овој полумаратон за време од еден час и 16 до 17 минути, но да бидам искрен сепак послабата конкуренција на ова издание на Новосадскиот полумаратон како и силниот ветар не ми ‘дозволија’ да го дадам најдоброто од себе. Затоа и моето второ место не ја дава реалната слика со остварениот резултат од еден час и 19 минути“ – ни изјави Јакимовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА