Македонските судии не се заборавени на стартот на натпреварите во европските купови. Дејан Јакимовски, со своите помошници Никола Караколев, Куштрим Лика и како четврти судија Никола Костенчев ќе го судат на 29. јуни мечот во Унгарија меѓу домашниот претставник Видеотон и клубот Балзан од Малта во квалификациите за Лига на Европа.
Димитар Мечкаровски од 29. јуни до 10. јули ќе суди како главен судија на Регион куп на кој поделени во две групи ќе учествуваат аматерските репрезентации на Португалија, Украина, Шпанија, Хрватска, Турција, Р.Ирска, Русија и на Германија.
Мечкаровски ќе суди во второто коло во Лига на Европа на 20. јули, но се уште не знае на кој натпревар.
Не е заборавен и претседателот на Судискиот одбор, Емил Божиновски, кој ќе биде контролор на судењето во Словенија меѓу Домжале и Флора Талин.
Нашиот најдобар судија Александар Ставрев според рејтингот на УЕФА почнува да суди од третото коло.
/М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА