Андреј Јакимовски продолжува со добрите изданија во НЦАА-лигата, откако македонскиот репрезентативец беше меѓу најзаслужните за победата на Вашингтон Стејт над Јута од 79-57, четврта за тимот на Македонецот на последните пет натпревари.
Гостите од Јута одлично парираа во првото полувреме што заврши со резултат 33-30, но Јакимовски и соиграчите одиграа извонредно второ полувреме во кое постигнаа 46 поени, стигнувајќи до убедлив триумф.
Нашиот репрезентативец повторно беше меѓу најдобрите поединци на теренот, Јакимовски одигра 35 минути за кои реализираше 14 поени (втор стрелец на тимот). Андреј шутираше 5/10 од поле, а зад неговото име останаа запишани и три скока и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА