Андреј Јакимовски ја презема лидерската улога во националниот тим, па крилниот кошаркар така беше најдобар стрелец и на вториот меч во низа од претквалификациите за Евробаскет 2029.
Тој не го криеше задоволството по големата победа во Ирска, до која нашите кошаркари дојдоа потешко од очекувањата, но најважно сепак е што останаа на чело на табелата.
„Ова е многу важна победа за нас. Мечот беше физички тежок, знаевме дека играме на гости, дека судиите малку ќе бидат на страна на домаќинот, исто така и публиката. Сепак, најважно е што останавме до крај како тим. Нашата хемија ни помогна и можам да кажам дека се боревме во текот на целите 40 минути. Имавме проблем со дефанзивниот скок, тоа не стави во ситуацијата во која бевме на стартот, но со некои детали, мали ситници, дојдовме до ептен важна победа. Си ја завршивме работата скоро 99%, но ни следат уште два меча во февруари. Задоволен сум како одигравме, особено што бевме заедно краток период и немавме време да се спремиме во целост. Ги искористивме сите работи максимално и дојдовме до важни бодови. Се надевам дека во февруари пак ќе бидеме комплетни. Ова беше уште еден чекор кон главната цел, тоа е квалификациите за ЕП 2029“ – изјави Јакимовски по дуелот во кој славевме со убедиви 88:76.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

