Јакин: Ќе бидат тешки натпревари со Македонија

Македонската репрезентација вчера ги дозна своите противници за настапот оваа година во Б-дивизијата од Лигата на нациите.

Пресметка со Шкотска, Швајцарија и Словенија ги очекува избраниците на новиот селектор Гоце Седлоски.

А, првите реакции стигнаа и од таборот на Швајцарија, со која Македонија ќе се соочи за првпат во својата историја.

„Добивме навистина возбудлива група. Со Шкотска имаме меѓусебни дуели и од ЕП 2024, со Словенија исто така добро се познаваме, а со Македонија ќе играме првпат. Ќе бидат, во секој случај, тешки дуели. Со нетрпение ги очекуваме натпреварите, низ кои ќе се обидеме да докажеме дека местото ни е во А-дивизијата“ – вели селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин.

Се вчитува...