Во првиот натпревар од нокаут фазата на Европското фудбалско првенство во Германија, Швајцарија рутински ги совлада Италијанците во осминафиналето со резултат 2:0. Актуелните европски шампиони се простија од турнирот и следниот месец ќе добиеме нови. Ремо Фројлер и Рубен Варгас со голови ја внесоа Швајцарија меѓу осумте најдобри. Во четвртфиналето ќе играат со Англија или Словачка.
Швајцарскиот селектор и поранешен репрезентативец Мурат Јакин не го криеше задоволството.
„Неверојатно е тоа што се случува овде на овој турнир. Уживавме на секој стадион. Големи честитки за навивачите. Знаевме дека ќе ги уништиме ако Италијанците играа со четворица во одбраната. Нивниот фудбалер Ел Шарави едвај ја виде топката. На ова ЕВРО има добри екипи. Мечот со Германија ни покажа дека можеме да се носиме со големите селекции. Испративме важна порака. Не играме само бункер, туку покажавме дека можеме да доминираме и да напаѓаме“, рече Јакин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА