Динамо Загреб доживеа разочарувачки пораз од 2-0 на гостувањето против косовски Балкани во вториот натпревар од групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.
Сето тоа за огромно разочарување и кај тренерот Сергеј Јакировиќ кој и се извини на хрватската спортска јавност, притоа истакнувајќи дека мора да преспие за да даде подетална анализа за мечот.
„Им се извинувам на навивачите на Динамо и на целокупната хрватска спортска јавност. Сигурно дека носам одговорност, но и играчите длабоко во себе треба да се запрашаат што прават, што даваат од себе и дали го заслужуваат овој дрес. Клуб како Динамо ова сигурно не го заслужува“ – порача Јакировиќ по мечот во Косово, и дополни:
„Не знам дали ова за мене ќе биде последен меч во Динамо, мора да преспијам па да донесам коректна одлука. Ова е брука, најтежок за мене пораз во кариерата. Секако и јас сум одговорен, но знам дека давам се од себе, целиот се давам за овој клуб. Но, ќе повторам дека некои играчи мора добро да размислат дали заслужуваат да бидат дел од овој клуб“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА