Рајн Некар Левен го положи оружјето пред Вардар во „Јане Сандански“ запишувајќи го првиот пораз во ЛШ сезонава. Тренерот на германскиот шампион, Николај Јакобсен ги посочи грешките кај својот тим, но и квалитетот на вардарци.
„Вардар одигра одличен натпревар во напад и беше подобар од нас во дуелите еден на еден. Не почнавме како што посакувавме, а не одигравме најдобро ни во играта „7 на 6“. Не сум задоволен ни од нашата игра во одбраната. Вардар имаше и седум гола разлика во првото полувреме. Не можам да бидам задоволен од играта на мојот тим, но факт е дека загубивме од можеби најдобриот тим во Европа во моментов“ – рече Јакобсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА