Ракометната репрезентација на Македонија утре ќе ја пречека Данска во натпревар од третото коло во квалификациите за Европското првенство во 2022 година. Селекторот на актуелниот светски шампион, Николај Јакобсен вели дека искрено не знае што да очекува од македонската селекција.
„Тоа ќе биде натпревар против репрезентација што традиционално игра добро, предводена од Кирил Лазаров. Не очекувам да биде лесно, бидејќи сега Кире е селектор, но и го вратија Филип Миркуловски. Можеби е смешно, но навистина не знам што да очекува“, вели Јакобсен.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Данска ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА