ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Данска одлично ја стартуваше втората рунда од шампионатот, бележејќи победи над Германија и над Словенија за широко отворање на вратите кон полуфиналето (иако тоа не е математички осигурано). Актуелниот олимписки првак сега ќе има неколку дена одмор, по што в среда во последното коло ќе излезе на мегдан со Македонија.
„Она што е најважно за нас е прво да одмориме, бидејќи премногу се истрошивме на овие последни натпревари. Победата со Германија е многу важна за нас и ни дава шанса барем за момент да здивнеме. Потоа ќе почнеме да мислиме на Македонија, да бидам искрен не ја гледав премногу вашата репрезентација. Знам дека го имате од најдобрите ракометари во светот, но и одличен селектор и сигурно нема да ни биде лесно, но наша цел е победа и на тој натпревар за осигурување на првото место во групата“ – изјави Јакобсен на прес-конференцијата по дуелот со Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА