Берат Јакупи не успеа да се избори за полуфинале на Светското првенство во карате кое се одржува во Мадрид, Шпанија.
И покрај трите одлични победи во елиминациските рунди, Јакупи беше запрен во четртфиналето од Казахстанецот Даниар Јадушев губејќи со 0-5. Македонскиот каратист не успеа да дојде и до репасаж потоа бидејќи Јадушев загуби во полуфиналето од Украинецот Чоботар.
Во борбата за полуфинале загуби и Азис Исмаил со 1-4 од Русинот Бесален Мизов. Исмаил сега ќе се надева на репасаж доколку Мизов успее да се пласира во финалето.
На Светското првенство учествуваат 1251 натпреварувач од 140 земји во светот. Шампионатот е најголема шанса за доближување до Олимписките игри во Токио 2020 година, односно за најголем скок на ВКФ ранг листата, за која бодувањето почна од Азиските игри и продолжи низ двете кола од Премиер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА