Дерби натпреварот во турското кошаркарско првенство помеѓу Вешикташ и Фенербахче го одбележа немила сцена откако израелскиот кошаркар Јам Мадар беше погоден од навивачите со монета во главата.
Израелецот мораше да замине во соблекувалната, но се врати на паркетот и го дочека крајот на натпреварот. Сепак немилиот настан не помина без повреда бидејќи Мадар има проблеми со видот, соопшти турскиот евролигаш.
„Во првото полувреме од натпреварот еден од многуте фрлени предмети од трибините го погодија нашиот кошаркар Јам Мадар во главата. Нашиот кошракар во овој дел од натпреварот мораше да замине во соблекувалната, но продолжи да игра во второто полувреме по интевензија на лекарите и неговата силна желба да се врати на теренот. По натпреварот, нашиот кошаркар се пожали на делумно губење на видот. Неговата состојба ќе биде дополнително прегледана. Му посакуваме брзо заздравување“, стои во соопштението на Фенербахче.
Засега останува непознато дали Мадар ќе мора да помине низ подолга пауза или пак ќе му биде на располагање на тренерот Димитрис Итудис веќе за следниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

