Јамајканецот Мичел и официјално член на Работнички

Согласно најавите на ЕКИПА пред неколку дена, јамајканскиот интернационалец Ревалдо Мичел и официјално беше промовиран во нов фудбалер на Работнички.

Крилниот играч уште повеќе треба да ја зголеми конкуренцијата кај „Романтичарите“, кои одлично ја стартуваа новата сезона, со победа над Силекс и со три бода.

Ревалдо во Работнички доаѓа од редовите на Вотерхаус, а во кариерата има играно и за Арнет Гарденс, Молинес и Портимор.

Се вчитува...