Олимпискиот вицешампион од Јамајка, Кишејн Томпсон истрча 100 метри во Кингстон за 9,75 секунди што е шесто најбрзо време во историјата.
Во петокот на квалификациите за Светското првенство на Јамајка во Токио (13-21 септември), Томпсон го подобри својот рекорд за 0,02 секунди и се искачи на шестото место 100 метри на сите времиња.
Само Џастин Гетлин (9,74), Асафа Пауел (9,72), Јохан Блејк (9,69), Тајсон Геј (9,69) и светскиот рекордер Усеин Болт (9,58), трчаа побрзо од Томпсон.
Томпсон, кој веќе имаше неверојатни 9,80 секунди во полуфиналето, победи во финалето пред Облик Севилја (9,83), вториот најбрз тркач на 100 метри во светот оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

