Јамајканците не се само спринтери, Таџеј Гејл ги урна стереотипите

Ако си од Јамајка и учествуваш на Светско првенство во атлетика очекувањата се дека се натпреваруваш во некоја од спринтерските дисциплини и по правило си конкурентен за медал. Но, не и Таџеј Гејл. 23-годишниот Јамајканец стана првиот претставник на оваа егзотична држава кој освоил светска титула, а тоа да не е во тркачките дисциплини.

Гејл триумфираше во скок во далечина. Должината која ја постигна за планетарното злато од 8,46 метри и негов најдобар резулат и секако национален рекорд на Јамајка.

Во големиот успех, Гејл првпат во кариерата успеа да го победи олимпискиот шампион од Рио, Џеф Хендерсон кому му припадна среброто.

 

 

 

Се вчитува...