Јамал го урна рекордот на легендата на Реал Мадрид

Ламин Јамал одигра уште еден фантастичен натпревар и ја предводеше Барселона до победа на градското дерби со Еспањол, уште еден голем чекор на каталонците кон титулата во шпанската Примера дивизион.

Шпанскиот тинејџер на овој дуел урна уште еден рекорд, станувајќи најмлад играч што стигнал до бројката од 100 настапи во Ла Лига. Јамал стигна до оваа бројка на возраст од 18 години и 272 дена, уривајќи го рекордот што досега беше сопственост на Раул Гонзалес.

Легендата на Реал Мадрид ја комплетираше „стотката“ на 19 години и 284 дена, а фактот дека Јамал го урна рекордот за речиси цела година најдобро говори за потенцијалот и квалитетот на Ламин.

Следен предизвик за Барса ќе претставува реваншот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите против Атлетико, на кој каталонците среде Мадрид ќе бркаат негатива од два гола.

Се вчитува...