Поранешната легенда на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутиерез – Гути, јавно ја доведе во прашање регуларноста на изборот за „Златната топка“ за 2026 година, отворено алудирајќи на манипулација со гласовите во корист на победникот Хари Кејн.
За време на своето гостување во позната телевизиска емисија, сегашниот фудбалски аналитичар изрази огромно незадоволство што престижното признание заврши кај англискиот напаѓач. Ваквиот исход предизвика сериозно разочарување во шпанската јавност, особено по пласманот на ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе на второто место и младиот талент на Барселона, Ламин Јамал, кој заврши како трет.
„Каква случајност само јубилејното 70. издание на церемонијата се одржува во Лондон и трофејот оди кај лондончанец. Неверојатно, нели? Каква необична случајност е наградувањето да биде организирано во Лондон и победникот да биде токму од Лондон, нели?. Апсолутно се изгледа диригирано. Тоа е мојот впечаток и отсекогаш сум мислел така за оваа награда. Кејн никогаш во животот не си замислуваше дека ќе победи. Сигурен сум дека очекуваше Ламин и Мбапе да го претркаат. Никој не реагира со таква физиономија кога ја освојува Златната топка“, изјави Гути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
