Јамал испиша историја, Барса извлече бод против Гранада (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона одиграа реми 2-2 на гостувањето кај Гранада во последниот натпревар од 9. коло во Ла лига.

Домашните со двата гола на Зарагоза брзо стигнаа до предност од 2-0, но првиот дел го одбележа младиот Јамал.

Бисерот на Каталонците во судиското надополнување намали на 2-1, а со овој погодок стана најмладиот фудбалер кој стрелар во Ла лига. Јамал има само 16 години и 87 дена. Конечните 2-2 ги постави Серџи Роберто во 86. минута. Жоао Феликс постигна гол за победа во 94. минута, но поради офсајд беше поништен по проверка на ВАР. 

Granada 2 – [1] Barcelona – Lamine Yamal 45‎+‎1‎'‎
byu/MarcoRuss insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...