Младиот офанзивец на Барселона Ламине Јамал го привлекува вниманието на светската јавност со своите настапи на Евро. Тој е член на стартниот тим на Шпанија, а селекторот Луис де ла Фуенте му даде целосна слобода.
Неговиот моментален учинок е три асистенции, но неговата креација е исклучително важна за „црвената фурија“. Иако се уште нема постигнато гол, тој даде огромен придонес за патот на „фуријата“ до четирите најдобри европски селекции. Важноста на неговите настапи најдобро ја изразуваат статистичките параметри кои историски го рангираа меѓу трите најдобри шпански креативци на едно ЕВРО.
Првото место го држи неприкосновениот Чави Хернандез, кој создаде 25 шанси на ЕП 2012. На второ место е легендарниот Цеск Фабрегас, кој ги проигра соиграчите 18 пати во 2008 година.
Јамал е на високото трето место со 14 создадени шанси, но пред себе има барем еден полуфинален натпревар каде ќе има шанса да го подобри својот настап. Натпреварот меѓу Шпанија и Франција е закажан за 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА