Големата церемонија за доделување на „Златната топка“ почна со доцнење од дури 45 минути, а првата награда веднаш заврши во рацете на Ламин Јамал.
Суперѕвездата на Барса го доби признанието за најголем талент за изминатата сезона, како награда за извонредните настапи како за Барселона, така и за шпанската селекција.
Во игра за ова признание беа и бисери како Кубарси, Диоманде, Карл… но наградата заслужено заврши во рацете на Ламин.
Тој останува меѓу клучните фаворити и за главната награда на гала-вечерата, „Златната топка“ за која главни ривали му се Килијан Мбапе и Хари Кејн.
Наградата за најголем талент во женскиот фудбал заврши во рацете на Вики Лопез од Барселона, која втора година по ред го освојува ова признание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
