Чудото на светскиот фудбал Ламин Јамал се уште не е полнолетен, но веќе е најскапиот фудбалер на планетата.
Непотребно е да се зборува за доминацијата на овој тинејџер кој веќе е европски првак, а Барселона знае што има во своите редови и му подготвила астрономски договор кој ќе го потпише на лето.
Јамал на 13. јули полни 18 години, а како подарок за полнолетство добива нов договор од Каталонците. Она што е интересно е дека ќе се промени и бројот кој го носи на дресот, па наместо 19, на грбот ќе стои 10.
Секако во чест на неговиот идол Лионел Меси, најдобриот фудбалер во историјата на клубот, а многу веројатно и на овој спорт.
Не се знае колкава плата ќе зема младиот Шпанец, но познато е дека неговата откупна клаузула ќе изнесува нереални милијарда евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

