Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Ламин Јамал продолжува да предизвикува бурни реакции во јавноста, откако излезе информација дека одлучил да ги наплаќа своите автограми.
Според пишувањето на „Мундо Депортиво“, фудбалерот прифатил понуда од специјализирана интернет-платформа за колекционери, преку која ќе може да се купи негов потпис. Фудбалерот смета дека на тој начин ја следи логиката на капитализмот и дека има право да ја искористи својата слава за дополнителна заработка. Тоа значи дека тој нема да смее да дели автограми ниту на дечиња кои се негови фанови.
Слични примери постојат одамна во САД, откако Леброн Џејмс и Лионел Меси преку вакви договори заработуваат и до 15.000 долари по потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

