Фудбалерот на Барселона, Ламин Jамал, кој неколку недели ќе биде надвор од терените поради повреда на десниот скочен зглоб, изјави дека процесот на опоравување се одвива според планот и дека „ќе се врати уште посилен“.
„Во процес на опоравување сум и сигурен сум дека ќе се вратам подобар и со поголема желба. Ќе се вратам посилен од кога било“, вели Јамал.
Јамал, кој оваа година со Шпанија ја освои титулата на Европското првенство, се повреди на 15 декември при поразот на Барселона на домашен терен од Леганес (1-0). Каталонскиот клуб процени дека тој ќе биде надвор од терените три до четири недели.
Јамал важи за клучен играч на Барселона, а оваа сезона на 20 натпревари забележа шест гола и 12 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА