Ламин Јамал за една година од голем талент се претвори во една од најголемите ѕвезди на европскиот фудбал. Извонредниот настап на ЕВРО 2024 ја крена цената на овој фудбалски бисер на пазарот, нема сомнеж дека европските гиганти ќе се обидуваат да го доведат во своите редови, но Ламин не размислува премногу на оваа тема.
„Прочитав некаде дека сум проценет на 120 милиони евра. Не сакам никој да ги плати тие 120 милиони, или пак повеќе. Јас имам само една желба, да бидам играч на Барселона до крајот на кариерата. Сонувам да бидам легенда на Барса, а не на некој друг клуб“, вели 17-годишниот офанзивец.
Кога ќе блескаш во дресот на каталонскиот гигант, тоа само по себе повлекува споредби со Лео Меси.
„Да бидеш споредуван со најдобриот во историјата навистина е нешто неверојатно. Тоа значи дека правиш нешто добро, но јас сакам луѓето да ме паметат како Ламин Јамал“, вели новиот бисер на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА