Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал зборуваше за скандирањето на навивачите на натпреварот против египетската репрезентација.
Скандирањата на религиозна основа беа насочени кон египетските фудбалери, на што Јамал остро реагираше.
„Јас сум муслиман, фала му на Бога. Вчера на стадионот се слушна скандирање „кој не скока е муслиман“. Знам дека беше насочено кон соперничкиот тим, а не против мене лично, но како муслиман, сепак е непочитување и нешто што е неприфатливо.
Разбирам дека не се сите навивачи такви… но на оние што скандираат такви работи, им велам: користењето на религијата како шега на стадионот ве прави неуки и расисти. Фудбалот е таму за да се ужива и да се поддржува, а не да се навредуваат луѓето поради тоа кои се или во што веруваат. Во секој случај, благодарност до сите што дојдоа да нè поддржат – се гледаме на Светското првенство“, рече Jамал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

