Ламин Јамал е новата суперѕвезда на Барселона, а тинејџерот веднаш по 18. роденден го потпиша новиот договор со каталонскиот гигант и се реши за една голема промена – го зеде дресот со број 10 во својот клуб.
„Десетката“ повеќе од една деценија со гордост ја носеше Лео Меси, во последните сезони таа беше сопственост на Ансу Фати, а Јамал реши да го преземе „товарот“ што го носи овој број и веќе позираше со новиот дрес, со „десетката“ крај претседателот Жан Лапорта.
Тоа се покажа како одличен потег за Барселона, ако се знае дека веднаш беше предизвикана „Јамал-манија“ во каталонската престолнина. Извори блиски до каталонскиот гигант тврдат дека се урнати сите рекорди, па Барса за помалку од 24 часа продала дури 70.000 дресови со „десетката“ на Ламин. Aко се знае дека еден дрес со бројката и презимето Јамал чини 145 евра, каталонците заработиле 10 милиони евра од продажбата за само еден ден.
Оваа бројка е далеку повисока од онаа што своевремено ја продаваа Меси и Нејмар во рок од 24 часа, а мрежата на продажба е проширена, па „десетката“ на Јамал во Барселона сега се дистрибуира и продава во 170 различни земји ширум светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

