Поранешниот играч на Барселона, Емануел Пети се восхитува на квалитетите на Ламин Јамал.
17-годишниот крилен фудбалер на „Каталонците“ постигна девет гола и имаше 13 асистенции во 35 натпревари во Ла Лига минатата сезона.
„Не можам да се сетам на играч кој играл толку импресивно на негови години. Секој пат кога ќе ја допре топката, нешто се случува. Би помислиле дека има 28 години и е во својот најдобар период. Ги дрибла противниците како да игра Плејстејшн. Дефанзивците му изгледаат како конуси – тоа е неговото ниво. Ламине би можел да биде дури и подобар од Меси. Ќе има мотивација да продолжи понатаму. Задоволство е да го гледам“, изјави поранешниот играч на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

