Јамал: Не ме споредувајте со Меси, никој не може да го достигне неговото ниво

Напаѓачот на Барселона и на Шпанија, Ламин Јамал изјави дека му годат споредбите со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси. За Аргентинецот рече дека е најдобриот фудбалер во историјата.

Ламал изјави дека би сакал да постигне барем половина од она што го постигнал екс фудбалерот на Барселона.

„Меси е најдобриот играч во историјата, неверојатно е да се споредува некој со него. Никој не може да биде на неговото ниво. Се надевам дека во мојата кариера ќе можам да постигнам барем половина од она што го постигна тој“, рече Јамал.

Се вчитува...