Ламине Јамал вели дека сега Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите сезонава, и дека тимот е подготвен да дојде до својата цел.
Каталонците играат во одлична форма, и се сигурни дека може да дојдат до трофејот без разлика што во игра се уште се противници како Арсенал, Реал Мадрид, ПСЖ, Интер, Баерн Минхен.
„Ние, без сомнение, сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите сега откако Ливерпул е надвор од натпреварувањето. Не се плашиме од ниту еден тим. Играме во одлична форма и не сме истиот тим од пред една година кога игравме со ПСЖ. Сега ние сме фаворити против Французите“ – вели Јамал пред четвртфиналната пресметка со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА