Јамал пред реваншот: Барам само една услуга од Симеоне

Барселона има два гола негатива во пресрет на утрешниот реванш со Атлетико во Мадрид, каталонците ќе играат на вжештена атмосфера на „Ванда Метрополитано“, но истовремено се решени да сторат се за да се вратат во оваа невозможна мисија и да стигнат до полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Во фокусот на вниманието се наоѓа Ламин Јамал, шпанскиот тинејџер игра блескавоо и оваа сезона и јасно е дека од него ќе зависат многу работи во обидот за чудо во Мадрид.

„Ние сме Барселона и секогаш одиме на победа. Знаеме дека е тешко, дека бркаме два гола негатива, но тоа не значи дека е невозможно за нас да се вратиме и да одиме понатаму. Добро е што не зависи се од мене, имаме толку многу врвни фудбалери, искусни фудбалери кои се нашле во слични ситуации и подготвени сме за предизвикот. Јас лично се чувствувам одлично, едвај чекам да почне дуелот. Ако смеам, би го замолил Диего Симеоне само една услуга, да ме остави „еден на еден“ со неговите дефанзивци“, провокативно ја заврши својата изјава Ламин Јамал во пресрет на утрешниот спектакл.

Се вчитува...