Јамал: „Реал може да ни даде колку сака голови, но сезонава не може да не победи!“

Ламинe Јамал го освои четвртиот трофеј во својата кариера кариера и трет во кој тој е еден од главните двигатели на тимот, а нема ниту 18 години.

Две асистенции сервираше тинејџерот синоќа за трофејот во Копа дел реј, како што вели, низ најава можеби за освојување и на уште два негови трофеи до крајот на сезоната – во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Не можеше Јамал синоќа да ја сокрие радоста по освоениот трофеј, со специјален имиња примајќи го медалот, а потенцирајќи дека оваа сезона Реал што и да направи не може да ја победи Барселона.

„Оваа сезона не може да не победат. Може да примиме еден гол, не е проблем. Може да примиме и два гола, може да постигнат колку сакаат, но ние повторно ќе победиме“ – рече по мечот Јамал.

Барселона сезона ги доби сите три досегашни „Ел Класика“ со вкупно 12 постигнати голови, а примени четири. Следното и последно „Ел Класико“ сезонава е на 11 мај во Барселона, кое може да го одлучи новиот шампион во Ла Лига.

Се вчитува...